РЕСТОРАН ВИЛА
„ОСОГОВСКА КУЌА“

… на 1250 метри надморска височина во живописна природа и околина.

ВКУСНА СКАРА

Вкусна скара припремана со свежо месо, задолжително со секој ручек.

ТРАДИЦИОНАЛНА КУЈНА

Традиционална храна припремана на домашен начин во нашата кујна.

СВЕЖА САЛАТА

Незамислива е трпезата без свежо подготвена салата.

ATV ADVENTURE- Организирани тури низ Осоговски Планини

„Осоговска Куќа“ започна со издавање на ATV моторцикли и организирање на тури низ Осоговските Планини. Доживување на убавините во движење.

Во срцето на Осоговието

Прекрасно планинско место за одмор и реласкација во недопрената природа на Осоговските планини. Нашиот ресторан нуди богат избор на исклучителни специјалитети  и традиционални јадења.

Вила Осоговска Куќа се наоѓа на 1250 метри надморска височина во живописна природа и околина, оддалечена 12 километри од Кочани и 8 километри од туристичкиот центар Пониква.

Вилата е сместена во густа букова и аришова шума изолирана од градската врева. Точната локација е на само 200 метри од главниот пат кој води кон Пониква.

Околината на Вилата Осоговска Куќа изобилува со пешачки патеки покрај кој посетителите можат лесно да наберат чаеви, шумски плодови или едноставно да уживаат во недопрените убавини на Осоговските Планини.

СМЕСТУВАЊЕ ВО ВИЛА „ОСОГОВСКА КУЌА“​

Секоја од собите поседува сопствен тоалет, телевизија, пешкири. Сите соби се климатизирани. Исто така во секоја соба има достапност до Wi-Fi.

Објектот располага со приватен паркинг.

Како да стигнете до нас?

Погледнете го „Како до Осоговска Куќа“ видеото