1

ЗА НАС

Вилата Осоговска Куќа постои од 2014 година. Се наоѓа 1250 метри надморска височина, 12 км одалечена од Кочани и 6 км од туристичкиот центар Пониква, на само 120 метри од главниот пат и е сместена во густа шума изолирана од градската бука. Околината изобилува со пешачки патеки покрај кои може да се наберат чаеви, шумски плодови или едноставно да уживате во недопрените убавини на Осоговските Планини.

ФОТОГРАФИИ

Бидејќи фотографијата вреди илјада збора разгледајте ја нашата фото галерија и посетете не за да уживате во убавините на недопрената природа.

РЕСТОРАН

Ресторанот се наоѓа во близина и е со капацитет од 150 гости, каде што може да се проба различна скара, дивеч и вкусни традиционални јадење,

СМЕСТУВАЊЕ

Вилата располага со 12 соби, погодни за 32 особи и е опремена со интернет, телевизија и централно греење и сопствен тоалет.

УСЛОВИ ЗА СИТЕ

Дворното место од 2000 е уредено со летниковци, детски лулашки, игралиште, фонтана и огниште. Наоколу има пешачки патеки за љубителите. Овде секој може да ужива во недопрените убавини на Осоговските Планини.